Top Sport

Руски хокеар нокаутирал стјуардеса откако не му дала виски!

Поранешната НХЛ ѕвезда, Олег Саприкин заглави во затвор откако ја нокаутираше стјуардесата и примора итно слетување на еден лет во Русија откако не му дале виски!

37-годишниот Саприкин, кој играше за Калгари флејмс, Феникс којотс и Отава сенаторс во НХЛ,  се налутил откако на летот од Сочи до Москва, стјуардесата не сакала да му дотури виски, по што станал и ја нокаутирал. Летот бил пренасочен кон Воронеж, каде што морал да слета.

„Откако патникот ја нападнал стјуардесата и ја кутнал на подот, пилотот решил да го прекине летот. Кога алкохолизираниот патник завршил зад решетки, летот продолжил за Москва“, се вели во веста од руската новинска агенција „Интерфакс“.

И покрај ова, стјуардесата решила да не го тужи Саприкин, што значи дека хокеарот не бил обвинет со хулиганизам и ќе помине со мала парична казна.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');