Top Sport

Рускиот шампион во шамарање VS бразилскиот ѕвер Зулузињо во затворска „пресметка“ (видео)

Во време на спортска досада, без многу случувања на целата планета, на сцена доаѓаат најбизарните работи, како најновиот дуел на популарниот руски шампион во удирање шамари, Василиј Хамотскиј против ММА „ѕверот“ од Бразил, Зулузињо во пресметка заз пари во еден неидентификуван затвор.

Хамотскиј минатата година стана феномен на Интернет, откако победи на локалното натпреварување во удирање шамари во Сибир во март 2019 година, а сега во последната пресметка за награда од 150.000 рубљи (околу 2.000 долари), тој се упати во затворска келија.

Противникот овојпат беше огромниот бразилски ММА борач Вагнер да Консеисао Мартинс, попознат како Зулузињо. Џиу-џицу специјалист со ММА скор од 14-9, Зулузињо поголемиот дел од мечевите ги имаше во „ПРАЈД“ и К-1 протомтерските куќи, а имаше борби и со ММА легендите Антонио Ногуера и Федор Емелианенко.

Борбата почна со удар на Русинот, но тој не го помрдна Бразилецот и остави само бела трага на неговиот образ. Зулузињо врати со удар, кој според правилата на овој бизарен спорт беше неправилен, бидејќи го погоди во увото. Во следниот обид, Русинот го закачи противникот во окото и увото и двајцата мораа да добијат помош за опоравување.

Третиот обид на Хамотскиј беше најимпресивниот по што Бразилецот доби медицинска помош, пред тој да врати во петтата рунда. Сепак, на крајот мечот заврши со реми, а наградниот фонд беше поделен.

До следната бизарна пресметка.

Рускиот шампион во „шамарање“ доби шокантен нокаут: Ме стави во кома! (видео)

Scroll to Top