Одбојкарската репрезентација на Русија ја освои Лигата на нации, откако во финалето со максимален резултат ја победи Франција. Русија до победата дојде за 90 минути игра, со триумфот 3:0 (25:22, 25:20, 25:23).
Русите на завршниот турнир на најдобрите шест селекции, по основниот дел од премиерното издание на Лигата на нации, демонстрираа врвна одбојка и без пораз стигнаа до трофејот.
Во групата Русите беа подобри од САД и Полска, а во полу-финалето го декласираа Бразил.
Најефикасен во финалето беше Максим Михајлов со 19 поени, Дмитри Волков забележа 13, а Дмитриј Мусерски 12 поени.
Франција ја предводеше Ервин Нгапе со 16 поени.
Третото место на турнирот го освои селекцијата на САД. Американците во малото финале го победија Бразил 3:0. На завршниот турнир покрај Русија, Франција, САД и Бразил, учествуваа и Србија, односно Полска.
За најдобар играч на завршниот турнир е прогласен рускиот репрезентативец Максим Михајлов.