Top Sport

Руските школи за лизгање се брутални – го грабна девојчето за врат и го фрли на мраз

Русија има огромна традиција и огромни успеси во уметничкото лизгање, но и во хокејот на мраз, така што не зачудува реакцијата на јавноста од последното видео кое се појави од едно елитно училиште за уметничко лизгање во регионот на Москва, каде што една мала лизгачка доби груб третман од својот тренер.

Татјана Ш., надгледувачката на проектот во Шчербинка, лута од однесувањето на едно од децата го фаќа за врат и го турка на мразот. Жената која го снима видеото, чие дете е дел од школата, веднаш побарала отказ за специјалистката, а по ова на видело излегоа и други детали од школата – младите лизгачи добивале вербални закани и пцуење од инструкторите, а исто така се физички казнувани кога не ги почитуваат инструкциите. И покрај ова, инструкторката поминала со двонеделна суспензија.

Олимписката шампионка од 2014 година, Татјана Волосожар вели дека тренерите немаат право да тепаат деца и дека не постојат изговори за вакво однесување.

„Уметничкото лизгање е строг спорт кој бара огромна самоконтрола и дисциплина. Но, никој нема право да тепа деца. Да, сите руски тренери се строги и стриктни, но тоа не значи физичко малтретирање. Инструкторката кажала дека се работи за методи на тренинг. Ова не се методи, туку недостаток на професионализам“, вели Волосожар.

Scroll to Top