Top Sport

Рут Чепнгетич со нов светски рекорд во полумаратонот

Кенијката Рут Чепнгетич стигна до светскиот рекорд во женскиот полумаратон во Истаснбул, постигнувајќи фантастично време од 1:04:02, за 29 секунди побрзо од претходниот рекорд на Етиопјанката Абабел Јешанеш.

26-годишната Чепнгетич, која е светска шампионка во маратонот од Катар 2019, во трката успеа да ги победи светската рекордерка во маратон и нејзина сонародничка Бригид Косгеи, како и светската шампионка на 5.000 метри, Хелен Обири.

Чепнгетич почна со тркањето релативно доцна, во 2016 кога имаше 22 години, но во Истанбул секогаш била одлична. Таа дебитираше во маратоните со победа во турскиот мегалополис во 2017 година, а во 2018 година постави личен рекорд од 2:18:35.

Scroll to Top