Симона Халеп и Каролине Вознијацки имаа победнички старт на ВТА финалето во Сингапур, со лесни победи над своите противнички во „црвената група“.
Романката Халеп со 6:4/6:2 ја совлада Французинката Каролине Гарсија, последната тенисерка која се квалификуваше на елитниот турнир со два трофеи во Кина, но нејзиното деби на турнирот значеше крај на победничката низа од 11 меча.
Двете тенисерки играа агресивно од основната линија во првиот сет, но Халеп почна да доминира во клучните моменти во првиот сет, пред во вториот целосно да го диктира темпото за победа по 88 минути.
„Среќна сум што победувам во првиот меч како светска тенисерка број 1 тука во Сингапур. Сега, има помалку притисок“, вели Халеп, за која ова е четврти настап на ВТА финалињата.
Данката Каролине Вознијацки пак, имаше уште поимпресивен меч, дозволувајќи и на Украинката Елина Свитолина само два гема во 6:2/6:0 победата за само 58 минути.
“It’s my first tournament as World No.1 and I’m really happy I could win the first match” –@Simona_Halep #WTAFinals pic.twitter.com/Ol8x1rwtN0
— WTA (@WTA) October 23, 2017