Top Sport

Сабаленка експресно во второто колo: Многу ми недостасуваше Вимблдон

Белорусинката Арина Сабаленка покажа зошто ја сметаат за една од најголемите фаворитки за титулата на Вимблдон по доминантната 6:3/6:1 победа над Унгарката Пана Удварди во првото коло на гренд слемот на земја.

Сабаленка направи брејк за 2:0, што беше доволно да го освои првиот сет, а за во вториот повторно да поведе со 3:1 и потоа рутински да стигне до победа. Нејзиниот меч беше еден од ретките кои беа комплетирани во вториот ден од Вимблдон поради дождот кој откажа повеќе од 40 меча.

„Уживав во атмосферата, во мојата игра. Ми недостасуваше ова место, и затоа сакав да го покажам мојот најдобар тенис. Убаво е да те сметаат за фаворит на ваков турнир“, вели Сабаленка, на која, како на и сите руски и белоруски тенисери и тенисерки им беше забранет настап на минатогодишниот Вимблдон.

Scroll to Top