Top Sport

Сабаленка го освои Бризбејн

Арина Сабаленка ја отвори новата сезона со трофеј на турнирот во Бризбејн.

Белоруската тенисерка рутински славеше во финалето против Марта Костјук со 2:0 (6:4, 6:3).

Арина ја освои својата 22-ра титула во кариерата и прва од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзина шеста титула на турнирите од Серијата 500.

Сабаленка ги отвори двата сета со 3:0 и брзо стави до знаење во која насока оди овој натпревар, и дека ќе го освои купот во Бризбејн без премногу проблеми.

Следниот предизвик за Сабаленка е Отвореното првенство на Австралија, каде што освои два трофеи во последните три години. Минатата година, во финалето беше поразена од Медисон Кис.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');