Top Sport

Сабаленка го освои Мастерсот во Мадрид

Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Мадрид во женска конкуренција. Тенисерката од Белорусија, во финалето кое траеше 101 минута, ја победи Ешли Барти со 2:1 (6/0, 3/6, 6/4).

Сабаленка, фуриозно го започна мечот, првиот сет со нула го доби за само 26 минути. Барти заигра подобро во вториот сет, стигна до предност од 2:0, Сабаленка зоврати со иста мерка, а потоа до крајот на сетот Баети освои четири, а загуби само еден гем.

Третиот сет донесе голема броба во првите осум гема, во деветтиот Сабаленка направи брејк, а потоа без загубен поен го освои гемот за конечна победа.

Сабаленка со оваа победа и се реваншира на барти за поразот во финалето на турнирот во Штутгарт.

Scroll to Top