Top Sport

Сабаленка ја одбрани титулата на Ју-ес опен

Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД.

Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6.

Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек.

Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои две гренд слем титули оваа година.

Ова е нејзина осма Гренд слем титула во кариерата.

Foto/ EPA

Scroll to Top