Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка ја освои титулата на Мастерс во Мајами, победувајќи ја домашната тенисерка, Џесика Пегула во два сета 7:5, 6:3.
За Белорусинката ова е 19. ВТА титула во кариерата, осма на Мастерс турнирите и прва во Мајами. Сепак, можеби најважно, ова е прва голема титула (Гранслем, Мастерс, ВТА финале) за Сабаленка како број 1. Оваа година таа играше две големи финалиња како број 1 во Мелбурн и Индијан Велс, но ги загуби и двете. Сега беше трета среќа.
Ова беше прва пресметка на двете тенисерки по финалето на УС Опен. Оттогаш Пегула одигра уште три финалиња и може да се каже дека го игра можеби тенисот во кариерата. Но, тоа не беше доволно за актуелната најдобра тенисерка на светот.