Top Sport

Сабаленка се огласи по трагедијата: Раскинавме пред неговата смрт

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка за прв пат се огласи во јавноста по смртта на нејзиното момче Константин Колцов.

Поранешниот белоруски хокеар почина во вторник на 42-годишна возраст во се уште неразјаснети околности.

Локалните медиуми најпрвин објавија дека се работи за самоубиство и дека Колцов скокнал од балконот, но се уште не е исклучено дека се работи за несреќа.

Шок за јавноста претствува информацијата дека неколку дена пред смртта на Колцов, Сабаленка ја раскинала врската.

„Смртта на Константин е незамислива трагедија и покрај тоа што повеќе не бевме во врска, срцето ми е скршено. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговото семејство во овие тешки моменти“, напиша Сабаленка на „Инстаграм“.

И покрај трагедијата, втората тенисерка во светот реши да учествува на турнирот во Мајами.

Scroll to Top