Светската тенисерка број 2, Арина Сабаленка се сретна со Новак Ѓоковиќ на тренинг на терените на Вимблдон пред стартот на гренд слемот на трева, и побара фотографија за која се пофали дека прикажува 24 гренд слем титули.
Секако, Белорусинката е носителка на една титула од тие 24, трофејот од Австралија опен оваа година, додека Ѓоковиќ со победата на Ролан Гарос стигна до рекордните за мажи 23 гренд слем трофеи.
„24 гренд слема во една фотографија. Погодете колку од тие се мои?“, напиша Сабаленка.