Американската скијачка репрезентација го освои златниот медал на Светското првенство во Мерибел, Франција, во екипна конкуренција.
Во финалето на паралелниот слалом, селекцијата на САД ги совлада бранителите на титулата Норвежаните со 3:2.
Во третото возење идентично време (22,74 секунди) постигнаа Американката Пола Молзан и Норвежанката Теа Луиза Стјернесун, а победата на американскиот тим му ја донесоа Томи Форд, кој славеше по големата грешка на Тимон Хауган на почетокот на четвртата трка.
За репрезентацијата на САД настапија и Нина О’Брајан и Ривер Радамус.
Селекцијата на Канада го освои бронзениот медал, откако имаше подобро време во дуелот против Австрија.
Во среда на Светското првенство на програмата е паралелниот велеслалом.