Top Sport

САД го победија Бразил и влегоа во финалето на одбојкарскиот турнир

Бранителките на олимпиското злато, одбојкарите на САД се првите финалисти на Игрите во Париз.

Американките во првото полуфинале на турнирот го совладаа Бразил во пет сета 3:2 (25:23, 18:25, 25:15, 23:25, 15:11).

Во репризата на финалето од Токио, селекцијата на САД беше поконцентрирана во финишот и успеа да обезбеди барем сребрен медал.

Кетрин Палмер се истакна со 24 поени. Нејзината партнерка на прием на сервисот Ејвери Скинер заврши со 19 поени. а двоцифрен број на поени, вкупно 18, имаше и Андреа Друс.

Клучот за победата на САД во голема мера беше во прекинот на серијата на разиграната Ана Кристина, која беше запрена на 23 поени. Габи имаше 16 поени, а Розамарија 14 поени.

САД ќе игра во финалето против победникот од дуелот меѓу Турција и Италија, кој се игра од 20 часот.

Scroll to Top