Top Sport

САД и Казахстан први во четврт-финалето на Дејвис купот (видео)

САД лесно влезе во четврт-финалето на Дејвис купот, откако Стив Џонсон и Рајан Херисон ги совладаа Никола Милоевиќ и Миљан Зекиќ со 6:7(3)/6:2/7:5/6:4 за 3:0 водство на гостувањето кај Србија во Ниш.

Со ова се комплетираше одличниот викенд за Американците, откако Сем Квереј го победи Ласло Ѓере, а Џон Изнер го доби Душан Лајовиќ во маратон од пет сета во петокот, и сега ги очекува дуел против минатогодишните финалисти Белгија или аутсајдерите Унгарија во полуфиналето. Белгија има 2:1 водство по саботните двојки.

Во четврт-финалето успеа да се квалификува и Казахстан откако добија недостижна 3:0 предност пред Швајцарците. Тимур Хабибулин и Александер Недовјесов ја добија битката во пет сета против Марк-Андреа Хислер и Лука Маргароли со 6:4/6:4/3:6/6:7(5)/6:3 по 3 часа и 22 минути игра во Астана. Нив во полуфиналето ги чека гостување кај Хрватска или Канада.

Хрватите имаат 2:1 водство откако во драматичен меч Марин Чилиќ и Иван Додиг се вратија од два сета негатива за 2:6/3:6/7:5/7:5/6:2 победа против Даниел Нестор и Васек Поспишил.

ДЕЈВИС КУП, 1.КОЛО

Франција – Холандија 2:1

Јапонија – Италија 1:2

Шпанија – Велика Британија 2:1

Австралија – Германија 1:2

Казахстан – Швајцарија 3:0

Хрватска – Канада 2:1

Србија – САД 0:3

Белгија – Унгарија 2:1

Scroll to Top