Top Sport

САД опен ја менува хардкорт подлогата првпат по 1978

Тенискиот САД опен ќе го смени брендот на својата хардкорт подлога првпат по повеќе од 40 години, откако Американската тениска асоцијација (УСТА) во понеделникот објави дека се договориле терените да ги користат „Лејколд“ подлогите на „Адвансд полимер технолоџи“.

Оваа подлога ќе го замени „Деко турф“, подлога на која се игра од 1978 година. „Лејколд“ терените досега се користеа на Мастерсот во Мајами, на Њујорк опен и на Фед куп мечевите во САД.

САД опен останува на календарот со предвиден старт на 31 август, иако АТП и ВТА тениските турнеи се стопирани барем до 7 јуни поради корона вирусот, а Ролан Гарос се „пресели“ во септември по крајот на САД опен.

Scroll to Top