Натпреварувачката програма на 33. Летни олимписки игри во Париз заврши, а до самиот крај се водеше возбудлива битка за тоа кој ќе заврши на врвот на листата на освојувачи на медали. На крајот на првото место завршија САД.
САД не го отстапија приматот ниту во Париз и четврти пат по ред завршија на врвот кога е во прашање билансот на медали. Всушност, од 1996 година, кога за прв пат учествуваа независните земји создадени по распадот на СССР, само во Пекинг се случи Американците да не бидат први, тогаш најдобри беа Кинезите.
Фото-финишот решаваше која нација ќе биде на првото место. Ли Венвен го освои златото во кревање тегови, а Кинезите стигнаа до 40 злата, додека Американците имаа 38, но Американците имаа уште две шанси.
САД веќе го имаа запишано златниот медал на кошаркарките, а тие во драматична завршница ја победија Франција. Сепак, клучна беше Џенифер Валенте во велосипедизмот, која победи во својата дисциплина.
САД стигнаа до 40 златни медали, а со оглед на тоа што имаат повеќе сребрени медали (44 наспроти 27), повторно ја освоија титулата.
Домаќинот Франција речиси двојно го зголеми бројот на медали во однос на Токио. Французите завршија на петтото место со вкупно 64 медали, од кои 16 златни, 26 сребрени и 22 бронзени.
Најуспешниот пласман во историјата го постигна Холандија, која го зазеде шестото место со вкупно 34 медали. Тие освоија 15 златни, седум сребрени и 12 бронзени и се втората најуспешна европска експедиција, пред Велика Британија.
Од земјите од регионот, најуспешна е Србија која заврши на 25.место со биланс 3-1-1.
Комплетната табела можете да ја погледнете овде.