Поранешниот австралиски тенисер Даниел Келерер рекол дека Марат Сафин во често во својата кариера консумирал алкохол пред и во текот на своите мечеви.
Сафин во текот на кариерата бил познат по своето контроверзно однесување на тениските терени, но и надвор од нив. Познато е дека во секој град каде што играл турнир имал по една проститутка.
Келерер сега го обвинил поранешниот руски тенисер дека во алкохолизирана состојба го играл финалето на Австралија опен во 2002 година.
Пред 17 години Сафин во четири сета бил поразен од Швеѓанецот Томас Јохансон (3/6, 6/4, 6/4, 7/6).
Австралиецот раскажува дека тогаш бил убеден дека Јохансон ќе победи.
„Јас консумирав алкохол во текот на мојата кариера, почнав кога имав 24 години. Почнав откако го видов Марат Сафин како пие пред финалето на Австралија опен“, рекол Келерер.
„Не верував дека тој ќе може да го игра тоа финале и секако дека беше невозможно да го освои. Беше многу пијан“.
Сафин во кариерата победил на Австралија опен во 2005 година, а има титула и на Ју-Ес опен во 2000 година.