Top Sport

Сафин: Има време за Новак, тој ќе ги сруши сите рекорди

Поранешниот светски рекет број 1, Марат Сафин е сигурен дека Новак Ѓоковиќ ќе го сруши рекордот од 20 гренд слем титули на Роџер Федерер, бидејќи на негова страна е времето.

„Сигурен сум дека Новак ќе го помине Роџер. Има многу време пред него, има само 32 години нели? Ако е здрав и продолжи да се оддржува во форма, може да игра до својата 40-та година. Федерер имаше среќа во својата кариера, немаше големи повреди. Нашата генерација, таа пред него, Куертен и Налбандијан имаа проблеми со колкот, јас со коленото. Ние на 30 години се чувствувавме стари бидејќи игравме веќе 15-тина години. Јас завршив на 29 години поради тоа“, вели Сафин.

Русинот вели дека самиот немал избор и дека никогаш не помислил дека ќе стане тенисер.

„Имав среќа. Толку е едноставно. Не сакав да сум тенисер и како дете сакав да бидам фудбалер на Спартак Москва. Но, мојата мајка беше тениски тренер и му благодарам на Господа што ми се укажа ваква шанса. Тенисот ми овозможи добар живот и благодарен сум на моите родители што ме тераа да играм тенис. Но, не ми недостасува. Желбата за победа се загуби и сега политиката ми е многу поинтересна“, изјави Сафин, кој беше пратеник во руската Дума од владеачката партија на претседателот Владимир Путин.

Scroll to Top