Гркинката Марија Сакари и Белорусинката Арина Сабаленка започнаа со победи на завршниот ВТА турнир, кој се одржува во Форт Ворт (САД).
Во првото коло во групата „Б“ Сакари ја совлада Џесика Пегула (САД) со 7:6, 7:6 за 2 часа и 14 минути. Тие две играа и во финалето на турнирот во Гвадалахара пред осум дена, кога Пегула победи со 6:2, 6:3 за 71 минута.
Овојпат само првиот сет траеше 73 минути. Мечот беше исклучително израмнет. Сакари и Пегула освоија точно по 52 од 104-те поени одиграни во првиот сет, и двете тенисерки реализираа три од нивните пет брејк можности.
Сакари имаше мала предност во вториот сет, но повторно се сведе на тај-брејк. Во 12. гем Американката спаси две меч топки, но Сакари на крајот од тај-брејкот освои четири поени во низа и го затвори мечот со својата трета меч топка.
That’s a BIG win for Sakkari 👏
She outlasts Pegula 7-6(6) 7-6(4) in a rematch of the Guadalajara final!#WTAFinals pic.twitter.com/m6bG4QjHO8
— wta (@WTA) November 1, 2022
Во другиот меч од групата, Арина Сабаленка надмина негатива од сет и ја совлада Онс Жабер со 3:6, 7:6, 7:5 за 2 часа и 31 минута.
24-годишната Сабаленка победи во последните три меча против Жабер. Тунижанката доминираше со силен сервис во воведниот сет, освојувајќи 73 проценти (16 од 22) од своите сервис-поени додека не и дозволи на противничката ниту една можност за брејк-топка.
Вториот сет беше сосема поинаков бидејќи Жабер почна да ги удвојува грешките. Двете си разменија по три брејка, а во тај-брејкот Сабаленка надмина негатива од 3:5 и по четири последовни поени стигна до 7:5 за израмнување на резултатот во сетови.
Во третиот дел Белорусинката направи брејк во 12. гем и мечот го заврши со својата прва меч топка.
Pure. Emotion. 🥲@SabalenkaA holds off Jabeur in a 3-6 ,7-6(5), 7-5 thriller.#WTAFinals pic.twitter.com/87TA0eoA5U
— wta (@WTA) November 1, 2022