Top Sport

Само Чориќ на патот кон 10-тата титула од Хале за Федерер

Актуелниот шампион Роџер Федерер ја продолжи победничката низа на трева на 20 меча, откако со 7:6(1)/7:5 го совлада американскиот квалификант Денис Кудла во полуфиналето на Хале опен, и за своја 10. титула на неговиот омилен подготвителен турнир за Вимблдон ќе игра против Хрватот Борна Чориќ.

По „размената“ на брејкови на облачното време во Германија, Федерер го освои тај-брејкот со 7:1 за да ја прекина низата на Кудла од 10 освоени сета. Во осмиот меч за помалку од две недели, 36-годишниот Федерер изгледаше уморно, но собра сили со само еден брејк да го реши вториот сет и да стигне до победа по час и половина игра.

Младиот Хрват Чориќ ќе се обиде да стави крај на низата на Федерер во Хале, откако неговото полуфинале против Шпанецот Роберто Баутиста Агут заврши експресно – противникот се повлече поради повреда при 2:3 водство.

Scroll to Top