Григор Димитров се подготви за полуфиналниот дуел на АТП финалето против американското изненадување Џек Сок, со моќна 6:1/6:1 победа над замената Пабло Карењо Буста во последниот меч по групи во „О2 арената“, без резултатско значење.
Шпанецот Карењо Буста го замени својот сонародник Рафаел Надал, откако светскиот број 1 се повлече од турнирот по еден одигран меч и загуби во средата од Доминик Тим. Единствен мотив за игра беше наградниот фонд од 191.000 долари за победа, меѓутоа тоа не беше доволно за Шпанецот, кој го загуби мечот за само 60 минути.
Во второто полуфинале утре играат Роџер Федерер и второпласираниот од групата на Димитров, Белгиецот Давид Гофан, кој претходно го победи Доминик Тим во директна пресметка за пласман.
⚠️ WARNING ⚠️
Dimitrov is on fire… ?#NittoATPFinals pic.twitter.com/QqAn4nlOj0
— Tennis TV (@TennisTV) November 17, 2017