Казахстанецот Александар Бублик кој среде натпревар на турнирот во Монпелје викал дека „со цело срце го мрази тенисот“, на оваа изјава и даде нова димензија.
Бублик повторно е во Франција, учествува на турнирот во Марсеј. Неговото присуство француските новинари го искористите за да го прашаат зошто воопшто игра тенис?
„Искрено, не гледам ништо позитивно во тоа што сум тенисер. Играм само поради парите. Да немаше толку пари во тенисот, немаше да го играм. Се уште не сум заработил доволно, кога ќе се случи тоа ќе се пензионирам“, рекол Бублик.
„Тешко е кога треба да играш секој ден. Не е важно што ви се случува во приватниот живот, едноставно вие мора да играте. И потоа сите ве прашуваат зошто сте изгубиле. Го мразам тој дел од мојата работа“, дополнил 22 годишниот тенисер.
Казахстанецот во моментов се наоѓа ан 55 место на АТП листата, а во кариерата досега заработил 1.347.179 долари.