Легендарниот Пит Сампрас, признал дека не очекувал, дека дури тројца играчи ќе го надминат неговиот учинок од 14 Гренд слем трофеи. Вчера, со победата на Ѓоковиќ на Вимблдон, тој , Рафаел Надал и Роџер Федерер имаат по 20 Гренд слем трофеи.
„Воодушевен сум од оваа генерација“, рекол Сампрас.
„Кога се повлекував да ме прашавте дали тројца ќе го надминат мојот рекорд од 14 Гренд слем трофеи, во период од 15 до 19 години, би рекол дека дека нема шанси да се случи тоа“, истакнал Пистол Пит.
Американецот, се повлече во 2002 година. Во кариерата, Сампрас, освоил две титули на Австралија опен, седум на Вимблдон и пет на Ју-ес опен. Никогаш не немал успех на Ролан Гарос, најдобар резулта во Париз му е едно полу-финале во 1996 година.