Top Sport

Сан Марино освои медал на ОИ

Сан Марино стана првата микро држава што успеала да освои медал на едни Олимписки игри. Во Токио, Алесандра Перили освои бронзен медал во трап.

Сан Марино во Токио по 24 пат во својата историја учествува на Олимписки игри.

Натпреварувачката од Сан Марино и во Лондон пред девет години беше не чекор до медал, но во дополнителното пукање заврши на четвртото место.

Златото во трап го освои Зузана Рехак Стефечекова од Словачка, а среброто и припадна на Кејли Браунинг од САД.

Сан Марино е втората земја која во Токио го освои првиот медал во националната историја. Пред неколку дена до својот прв медал на ОИ дојдоа Филипините.

Scroll to Top