Поранешниот најдобар светски ватерполист и хрватски капитен, Сандро Сукно се врати на тренинзите по операцијата на срцето во САД, за првпат да тренира со топка.
На Сукно на рутински лекарски тренинг му беа откриени проблеми со срцето, по што доби забрана на тренинзи, а неговиот италијански клуб, Про Реко го раскина договорот, привлекувајќи многу критики за потегот. Во август, тој потпиша договор со својот матичен клуб Југ од Дубровник, и сега почна со тренинзи. На градите му беше видлива лузната од операцијата.
„Тој само што почна да тренира, и засега одиме со еден тренинг дневно. Нема притисок, ниту очекуваме брзо опоравување“, вели тренерот на Југ, Вјекослав Кобешчак за весникот „Дубровачки дневник“.