Јапонецот Јукија Сато ја забележа втората победа во натпреварите во Светскиот куп. Сато, во саботата, победи на скокалницата Окурајама во Сапоро.
До победата на домашниот терен Сато дојде со скоковите од 137,5 и 138,5 метри. На крајот тој освоил 244,3 поени. Второто место му припадна на Австриецот Томас Крафт со 234,1 поен (скокови од 138 и 125 метри), а пиедесталот го комплетираше Полјакот Давид Кубацки со скоковите од 121,5 и 126 метри.
Со освоеното второ место во Сапоро, Крафт ја презеде водечката позиција во Светскиот куп со 963 поени, втор е Карл Гајгер со 955, а трет Давид Кубацки со 884 поени.
Најдобрите ски-скокачи во светот утре ќе имаат уште еден натпревар во Сапоро.