Top Sport

Се бори со карцином, но сонува за настап на ОИ во Токио

Шпанската тенисерка Карла Суарез Наваро (32) минатата година објави дека боледува од Хоџкинов лимфом, но дека и понатаму сонува да настапи на големо натпреварување. Иако првично најави дека во 2020 година ќе се повлече од активното играње, сепак преовлада големата желба за настап на ОИ. Вели дека организмот одлично реагира на терапијата и карциномот се лекува.


„Не сакам луѓето да ме запомнат во болнички кревет и би сакала повторно да играм на некој голем турнир. Тоа за мене е сонот, на ОИ да се простам од мојата тениска фамилија и од моите навивачи“ изјавила Суарез Наваро за ББС.

Некогашната шеста светска тенисерка не крие дека се радува што повторно ќе биде на теренот, но свесна е дека тој процес ќе е бавен поради физичкото опоравување.

„Ќе почувствувам толку среќа и радост кога ќе дојде тој момент. Ќе бидам помалку нервозна на теренот. Се надевам дека тоа може да се случи уште во Токио, се надевам дека ќе можам да играм заедно со Мугуруза. Ќе видиме“ рече шпанската тенисерка.

Нејзиниот последен настап е пред речиси една година, но и понатаму е 85. на ВТА листата.

Scroll to Top