Top Sport

Се јави и Конор: Знаев дека Хабиб е кукавица!

Конор Мекгрегор го обвини УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов дека се исплашил од мечот со Тони Фергусон со што предизвикал петто откажување на дуелот со Американецот, зголемувајќи ги шпекулациите дека тој е подготвен да влезе во октагонот на УФЦ 249.

Нурмагомедов во средата и официјално се повлече од УФЦ 249, настан кој има само термин (18 април), но не и локација, поради корона вирусот и компликациите околу излегувањето од Русија. Мекгрегор, коментирајќи првпат за 18 април, изјави дека е во форма да се бори во моментов.

„На почетокот на сè ова си кажав дека сум среќен што немам закажано официјален меч. Но, ако имав, ќе ги поддржував сите вести кои би ми велеле да се борам и ќе се натпреварував. И ќе победев. Фактот е дека Тони и Хабиб беа вклучени ви огра на ’кокошка’ пред мечот, и Хабиб прв се исплаши и сега има 3:2 во повлекувања. Тој избега дома и покрај ризикот. Честитки Тони!“, напиша Мекгрегор на Твитер.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, преку СМС порака до новинарот на „Јаху спортс“, Кевил Јол призна дека тој знаел дека Нурмагомедов ќе се повлече од мечот, но продолжи да инсистира дека „шоуто мора да продолжи“.

Scroll to Top