Крадец завршил најпрвин в болница со повреди на главата, а потоа и в затвор, откако се обидел да и го украде мобилниот телефон на девојката која се бори во УФЦ, Полијана Виани.
Несреќниот крадец се обидел да и го украде телефонот на Виана додека таа чекала такси. Тој со пиштол во раката и се заканил и го побарал нејзиниот телефон, не очекувајќи дека таа жестоко ќе го нападне.
„Ми кажа да не пружам отпор, го покажа пиштолот. Ми го побара мобилниот телефон, но кога ми се доближи ми стана јасно дека можам да го совладам. Знаев дека нема време да реагира со пиштолот. Два пати го удрив, веднаш го соборив. Кога падна на земјата почнав да го давам, а потоа го наместив во положба за да не може да мрда. Потоа повикав полиција, а тој беше многу исплашен, не знаеше што го снајде. Побара да го ослободам, а кога му стана јасно дека ќе добие уште ќотек, сам побара да повикам полиција“, рекла Виана.