Top Sport

Се огласи жената на која се жалеше Кирјос: Само сакав да го поддржам

Анита Палус (320, државјанка на полска која работи во Лондон е жената која успеа да го изнервира Ник Кирјос во финалето на Вимблдон.

Немав капа, па температурата дефинитивно имаше ефект. Имав два коктели, не 700. Навистина ми е жал, објасни навивачката која накратко заврши пред трибините поради изнервирање на финалистот на Вимблдон.

Кирјос го загуби финалето од Новак Ѓоковиќ 4/6, 6/3, 6/4, 7/6. Еден од клучните гемови во мечот беше деветтиот во третиот сет. Кирјос сервираше, имаше 40-0 и не успеа да го освои гемот. Малку подоцна Ѓоковиќ поведе со 2-1 во сетови. Гласните коментари на Анита Палус влијаеја Кирјос да го загуби гемот.

„Зарем ова не е голем, важен натпревар? Па, после секој поен таа ме нервира. Изгледа дека е пијана, сигурно испила 700 пијачки. За волја на Бога, направи нешто. Дај ми мир. Таа навистина не треба да биде тука, да разговара со мене на среде гемот“, му рекол Австралиецот на главниот судија Рено Лихтенштајн.

„Немав капа, па температурата дефинитивно имаше ефект. Испив два коктели, а не 700. Навистина ми е жал. Сакав да покажам дека сме тука за Киргиос, сакав да го охрабрам. Сакав да го поддржам. Можеби малку претерав…но имав само добри намери“, изјави Палус за англиските медиуми.

Инаку откако Кирјос се пожали кај судијата, Палус беше за кратко отстранета од трибините. Таа била зад затворени врати 15 минути за да се „отрезни и хидрира“, по што ѝ било дозволено да се врати на своето место.

Scroll to Top