Top Sport

Се подготвува нов меч Усик-Фјури

Апсолутниот шампион во тешка категорија, Украинецот Олександр Усик и Британецот Тајсон Фјури ќе имаат нова борба, на 21 декември, објави Турки Алакшик, претседател на Генералната управа за забава на Саудиска Арабија.

Усик го победи Фјури на 18 мај во Ријад со одлука на судиите и стана неприкосновен шампион во ерата со четири појаси.

Реваншот беше планиран за октомври, но Турки Алалшик вели дека датумот е поместен за декември.

„Светот повторно ќе гледа уште една историска борба. Нашата посветеност кон љубителите на боксот продолжува. Се надеваме дека ќе уживате“, Алалшик.

Украинецот Усик, првиот апсолутенн шампион во тешка категорија по Ленокс Луис во 1999 година, го додаде ВБЦ појасот на Фјури во неговата колекција на ВБА, ВБО и ИБФ.

Малку е веројатно дека сите четири појаси ќе бидат на линија во реваншот, а ИБФ планира да му го одземе појасот на Усик бидејќи тој во наредниот период нема да се соочи со задолжителен предизвикувач.

Scroll to Top