Петкратниот голф шампион, Тајгер Вудс кој во февруари имаше тешка сообраќајна несреќа неодамна е пуштен од болница. Вудс имаше скршеници на нозете по сообраќајката која се случи на 23. февруари.
45-годишниот голфер на социјалните мрежи се заблагодари за третманот во болницата и објави прва фотографија по несреќата:
„Мојот терен побрзо се опоравува од мене, но убаво е да се има одличен партнер за рехабилитација, човековиот најдобар пријател“ порача тој,
За потсетување, автомобилот на Вудс се преврте откако тој загуби контрола врз него. Од полицијата во Лос Анџелес наведоа дека најверојатно големата брзина е причина за несреќата, а самиот голфер вели дека ништо не се сеќава.
„Не се сеќавам на несреќата, ниту дека воопшто сум возел автомобил“ рече Тајгер Вудс.
Вудс по превртувањето на автомобилот се здоби со скршеници на десната потколеница и стапалото, по што мораше да му бидат направени две операции.