Хафтор Бјорнсон имаше реми во своето боксерско деби по три рунди со поранешниот шампион Стивен Ворд во Дубаи. Иако мечот се оддржа во петокот, вчера вечер првпат беше пуштено видеото, во кое Бјорнсон влезе во рингот со 60-тина килограми повеќе од својот ривал.
Ворд, призна дека бил импресиониран од Исланѓанецот, кој е поранешен „најсилен човек“ на светот и лани крена 501 килограми за да го сруши светскиот рекорд.
„Каква вечер. Големиот Тор удира како коњ. Беше многу интересно“, изјави Ворд.
За Бјорнсон ова беше прв тест пред лутата пресметка со својот стар ривал Еди Хол во септември во меч кој е најавен како „најтешкиот на сите времиња“. Бјорнсон и Хол имаат ривалство од натпреварувањето за најсилен човек на светот.