Најголемиот сумо борач на сите времиња – Хакухо Се (36) се повлекува откако оствари над 1.000 победи во кариерата.
Хакухо кој стигнал во Јапонија на 15-годишна возраст од родната Монголија има чести проблеми со десното колено, па поради тоа реши да заврши со сумото.
Во текот на кариерата 36-годишниот јокозуна (голем шампион) освои 14 титули и оствари 1.187 победи, повеќе од било кој друг борач во историјата на овој спорт.
Дебитираше во 2001 година и 6 години подоцна стигна до највисокиот ранг.
Во 2019 година доби јапонско државјанство, па во иднина ќе може да формира свое боречко друштво во „земјата на изгрејсонцето“.