Top Sport

Џејсон Кид: Лука Дончиќ е млад Пикасо, но мора да ја користи секоја боја!

Тренерот на Далас Маверик, Џејсон Кид го пофали својот плајмејкер Лука Дончиќ. Кид своевремено беше еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата.

„Дончиќ – тој е млад Пикасо. Не знам дали некогаш некој му рекол на Пикасо дека мора да ја искористи секоја боја, но сакам да го потсетам Лука дека има многу соиграчи на кои може да им верува и кои се тука за да му помогнат. Тој постојано зборува дека има многу работи во неговата игра кои треба да ги унапреди, а ова е една од нив“ наведе Кид.
Дончиќ плеј-офот од минатата сезона го заврши со просек од 35,7 поени, 10,3 асистенции и 7,9 скока.

Далас единствениот НБА трофеј го освои во 2011 година кога Маверикси беа подобри од Мајами со Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош.

Scroll to Top