Top Sport

Се разделија Циципас и Иванишевиќ

Стефанос Циципас и Горан Иванишевиќ ја официјализираа својата соработка на 14 јуни, а на 24 јули ја завршија – по помалку од два месеци.

Тие беа на само два турнира заедно и почнаа да тренираат во Загреб, а по повлекувањето од Хале и Вимблдон, Циципас и Иванишевиќ се разделија.

Гркот се огласи на социјалните мрежи за сето ова:

„Работата со Горан Иванишевиќ беше кратка, но интензивно искуство кое навистина го ценам. Му сум благодарен за времето, посветеноста и енергијата што ја имаше за мене и мојот тим. Сега сите одиме по свои патишта. Немам ништо друго освен почит кон Горан, не само поради она што го направи во тенисот, туку и поради каква личност е. Му посакувам се најдобро во иднина“, напиша тој на Инстаграм.

Во еден момент, Горан Иванишевиќ беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а таа соработка траеше околу пет години, а во тој период беа освоени девет Гренд слем титули.

Ова е резултат на изјавата на Иванишевиќ, по елиминацијата на Циципас во првото коло на Вимблдон. Хрватот тогаш рече дека „никогаш во кариерата не видел понеподготвен тенисер“.

На оваа изјава Циципас молчеше се до вчера кога меѓудругото рече:

„Многу е тешко да имаш диктатор и луѓе кои зборуваат негативно за тебе, а ти не чувствуваш дека ти се блиски како семејство“, рече Циципас.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top