Легендарниот британски атлетичар Мо Фарах најавил дека ќе се врати на патеката за Олимписките игри во Токио во 2020 година.
Четирикратниот олимписки шампион најавил дека на Игрите во Токио ќе настапи на трката на 10.000 метри.
Фарах на Олимписките игри во Лондон во 2012 година освои златни медали на трките на 5.000 и 10.000 метри, а успехот го повтори и во 2016 година на Игрите во Рио де Жанеиро.
„Решив да се вратам на патеката во 2020 година. Им се радувам на трката во 10.000 метри. Се надевам дека се уште ја имам брзината. Значи, голема вест е дека се враќам на трката на 10.000 евра во Токио“, порачал преку кусо видео Фарах.
Во периодот од 2011 до 2017 година, фарах, во овие две дисциплини освоил шест злата и две сребра на Светските првенства, додека на европските првенства од 2006 до 2014 година освоил пет златни и еден сребрен медал.
Фарах во последните години му се посвети на маратонското трчање. Тој победил на маратонот во Чикаго, а во Лондон (2018) завршил на третото место.