Top Sport

Себастијан Спенсер наследникот на Јусеин Болт (Видео)

Младиот Американец Себастијан Спенсер, кој со атлетика се занимава на универзитетот Вест Вирџинија стејт, минатиот викенд во транс ги фрли фановите и стручњаците на „кралицата на спортовите“.

Спенсер настапил на штафетната трка 4×100 метри. Трчал во последната измена, штафетната палка ја добил на седмото место и успеал да го стигне и престигне првиот тркач, кој кон целта тркнал со повеќе од десет метри предност во однос на Спенсер.

Себастијан Спенсер поставил нов државен рекорд во јуниорска конкуренција на 100 метри (10,60). Стручњаците на ова момче му предвидуваат блескава иднина, односно дека токму тој во блиска иднина ќе ги сруши рекордите на Јусеин Болт.

Scroll to Top