Top Sport

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потргата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време им било потребно на адвокатите на Кетрин Мајорга (34) да ја „ископаат“ адресата на човекот кој секојдневно е во медиумите и чија работа е јавна.

Кристијано Роналдо е обвинет за силување и кога повикот ќе пристигне на неговата адреса тогаш тој ќе мора да се појави пред судот.

Правните застапници на Португалецот од самиот почеток се обиделе да ги отфрлат обвинувањата, а судските записи покажуваат дека одбиле да ја достават адресата каде што е живеалиштето на нивниот клиент.

„Не постојат записи кои покажуваат на кое место живее Роналдо. „Темни“ се сите записи за неговата имотна состојба“, стоело во судските документи. Оваа информација ја пренесе англискиот „Мирор“.

Кетрин Мајорга минатата година се исповеда пред јавноста дека пред десет години во Лас Вегас ја силувал Кристијано Роналдо. Португалецот и неговиот адвокатски тим веднаш ги негираа наводите на Мајорга.

Деновиве адвокатите на Мајорга со помош на италијанските власти ја дознале адресата на која живее Роналдо и повикот да се појави пред судот ќе може да му биде испратен.

Италијанските закони се разликуваат од американските, односно на обвинетиот повикот не мора да му биде врачен лично, туку е доволно да пристигне на неговата домашна адреса.

Отворена истрага против Роналдо, му се заканува доживотен затвор

Главните спонзори на Роналдо се загрижени поради истрагата за силување

Scroll to Top