Top Sport

Сефте за Ценхојзерн во новата сезона

Швајцарецот Рамон Ценхојзерн победи на првата слаломска трка во новата сезона. По двете трки во Алта Бадија, Ценхојзер, победи со вкупен резултат 1:45.43 минути.

Цинхојзерн ја забележа четвртата победа во кариерата. Тој е првиот Швајцарец, кој успеал да победи во првиот слалом во сезоната, по пауза од 12 години.

28-годишникот, блескаше во втората трка, кога температурата на патеката беше повисока.

Второто и третото место им припадна на Австријците Мануел Фелер и Марко Шварц. Фелер задоцни осум, а Шварц 12 стотинки зад победникот.

Лидерот во Генералниот пласман, Алекс Пинтаро (400 поени) слаломот во Алта Бадија го заврши на 11 место.

Scroll to Top