Top Sport

Секогаш верен на Реал – Хабиб вечерва на „Ноу Камп“ ќе навива против Барса

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов открива дека вечерва ќе биде на „Ноу Камп“ во Барселона за мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен, и како страствен навивач на Реал Мадрид, нормално се стави на страната на францускиот шампион.

Хабиб минатата сезона беше гостин на „Паркот на принцовите“, каде што беше во друштво на фудбалските легенди Јури Џоркаеф и Дејвид Бекам.

32-годишниот Дагестанец минатиот месец објави видео како игра фудбал, кој му е втора страст, најавувајќи дека е „слободен агент“ и дека чека понуди.

 

Scroll to Top