Полската УФЦ ѕвезда, Џоана Једржејчик на својот Инстаграм профил објави видео со кое ги уверува дека со неа сè е во ред по бруталниот пораз од Жанг Веили на УФЦ 248 минатиот викенд, иако не можат да не се забележат големиот број на модринки на нејзиното лице.
Фановите беа посебно загрижени за нејзината состојба по ужасните фотографии на кои се гледаат отоците на нејзиното лице, но таа е во позитивно расположение.
„Имам многу модринки на лицето и на градите. Отокот веќе го нема и сега се чувствувам многу подобро, така што сè е во ред“, вели Једржејчик.
Дуелот Веили-Једржејчик беше прифатен како еден од најголемите мечеви во историјата на УФЦ, а главните повреди на Полјачката се случија во третата рунда кога доби серија удари во главата.
Joanna Jędrzejczyk’s recovery update 7 days after her all-time great fight against Zhang Weili. (via https://t.co/tQvu40SEUN) pic.twitter.com/oA945X2Z0v
— Shaheen Al-Shatti (@shaunalshatti) March 15, 2020
Једржејчик и Жанг добија медицински суспензии по најбруталната УФЦ борба (видео)