Top Sport

Селби го загуби полуфиналето па „удри“ по О’Саливен: Тој покажа непочитување

Рони О’Саливен покажа дека уште е во неверојатна форма откако се врати од 14:16 негатива и со 17:16 го победи Марк Селби во неверојатното полуфинале на Светското првенство во Шефилд за да обезбеди финале против Кајрен Вилсон, кој со 17:16 го победи Ентони Мекгил.

Сепак, Селби не беше среќен од начинот на кој го загуби полуфиналето, сметајќи дека „Ракетата“ покажал големо непочитување кон спортот со некои силни удари на белата топка во тие последни три фрејма.

„Се чувствував дека тоа беше непочитување кон мене и кон спортот. Очигледно, нема многу играчи кои би ја удриле белата со 100 милји на час кога ќе играат снукер. Понекогаш тоа функционира, но мислам дека тој го правеше тоа постојано. Тоа беше непочитување кон спортот, но подобро да го прашате Рони“, изјави Селби за „Евроспорт“.

О’Саливен го објасни однесувањето.

„Ако има позиција во која сум во снукер, односно топчињата ми се прикирени, ќе се обидам да ги скршам. Правилото е лошо, но тука е да се прекрши. Знаете дека има негативни работи ако утнете. Тешко е да се гледа како судијата ги враќа топчињата. Немам време за тоа, човеку“, изјави О’Саливен во свој стил.

Scroll to Top