Top Sport

Семејството Крафт му се заблагодари на Том Брејди со оглас од цела страница

Сопствениците на Њу Ингланд патриотс, семејството Крафт му се заблагодари на Том Брејди со реклама од цела страница во весникот „Темпа Беј тајмс“, откако легендарниот квотербек се пресели во тимот на Темпа Беј буканирс во шокантна одлука. Тие им порачаа на фановите на Темпа Беј: „Чувајте го. Имате голем!“

Со наслов „Ти благодариме, Том“, пораката потенцира дека Брејди е најголемиот на сите времиња и вечно дел од нивното семејство.

„Во фантастични 20 години, ни даде сè што имаше. Кога пристигна како шести пик на драфтот, инаку најдобра одлука која ја направил овој тим, никој не замислуваше дека ќе оствариш толку и ќе значиш толку на нашиот регион“, се вели во писмото.

42-годишниот Брејди си замина од Патриотс со шест титули од Супер болот и 41 старт во плејоф натпреварите од 2001 година.

Scroll to Top