Кастер Семенја лесно победи на трката на 800 метри на првиот митинг од Дијамантската лига во Доха, нејзината прва трка по губењето на случајот пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) против Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ).
Олимписката шампионка од Јужна Африка немаше конкуренција и стигна до победа со време од 1:54.98, нејзино четврто најдобро време во кариерата. Сепак, ова може да биде крај на нејзината доминација на трката на два круга, бидејќи беше последната трка пред воведувањето на контроверзните нови правила.
Сега ИААФ ќе ги приморува Семенја и другите атлетичарки со високо ниво на природен тестостерон да го намалат нивото со одредени супстанции за да можат да се натпреваруваат. Според дел од критичарите ова е дискриминаторски, но други велат дека поради превисокото ниво на природен тестостерон Семенја и другите атлетичарки имале не-фер предност пред конкуренцијата.
Самата Семенја не изјави дали ќе ги почитува овие правила или ќе се префрли на подолгите трки (5.000 и 10.000 метри), каде што ова правило не важи.
„Зошто би се пензионирала? Имам 28 години, и уште добри 10 години пред мене“, изјави Семенја во Катар.
Caster Semenya!??????
South Africa stand UP! ??????
??????????????
❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️
?????????#caster800m pic.twitter.com/6VhqpIPFB8— ?Kumkanikazi-Vuyiswa? (@vuiGLAMzee) May 3, 2019
Double Olympic champion Caster Semenya won her last 800 metres race today before the introduction of controversial rules limiting testosterone levels in female athletes. This is what she had to say after the race.
What a class athlete. pic.twitter.com/bRqK1ibD9Z
— Zoltan (@zoltanknowsbest) May 3, 2019