Top Sport

Сенегалскиот „ѕвер“ го здроби противникот во дебито во ММА (видео)

Сенегалскиот борец, Омар Кан дебитираше во октагонот. Тој настапи на промоцијата на „Арес фајтинг Чемпионшип“ и буквално го прегази својот противник Софиан Букичу.

Кан е првак на Сенегал во борење и долго се чекаше на негово деби во ММА борбите.

Висок е 196 сантиметри и тежок 120 килограми, а досега се уште е непоразен во борење.

Неговото деби беше синоќа во Дакар, а судијата мораше да ја прекине борбата во втората рунда по стаотниот налет на Кан, откако првата рунда помина во испитување на силата на противникот.

Scroll to Top