Top Sport

Сент Луис блуз на една победа од НХЛ Стенли куп трофејот (видео)

Тимот на Сент Луис блуз е на само една победа од освојувањето на својот прв Стенли куп трофеј, откако со 2:1 ги совладаа Бостон бруинс за да поведат со 3:2 во финалето на НХЛ лигата.

Блуз, кои последен пат во Стенли куп финалето играа во 1970, кога загубија со 4:0 токму од Бостон, добија голови од Рајан О’Рајли и Дејвид Перон, додека на голот Џордан Бинингтон имаше 37 одбрани. Бостон, пак, го добија назад капитенот, 42-годишниот Здено Чара, иако ја скрши вилицата во четвртиот натпревар пред три дена, а единствениот гол за нив го постигна Џејк Дебраск.

Блуз, кои беа убедливо последни во НХЛ лигата на почетокот на јануари, ќе ја имаат првата шанса да го освојат трофејот дома во шестиот натпревар во недела.

Scroll to Top