Top Sport

Скалони: Меси да игра за Аргентина како што игра за Барса

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони вели дека се надева дека Лионел Меси може да го „извлече“ тоа што го прави секоја недела со Барселона за „албиселесте“ да имаат шанси за успех на Копа Америка ова лето.

Аргентина денеска игра со Никарагва во последниот пријателски меч пред стартот на Копа Америка во Бразил против Колумбија на 15 јуни, и иако Меси изјави дека тие не се фаворити за титулата ова лето, Скалони верува дека може да се „скрши клетвата“ ако Меси е на највисоко ниво.

„Ако имаме добри перформанси како тим, а покрај тоа Меси го направи истото што го прави секоја недела, тогаш ќе имаме шанси за победа.  Знаеме дека имаме динамит напред во нападот, фудбалери кои даваат многу голови, а јас верувам дека сме полни со победнички дух. Сега, фудбалерите треба да сфатат што значи да се игра за овој дрес“, вели Скалони.

Меси ќе го предводи нападот на Аргентинците против Никарагва заедно со Серхио Агуеро (Манчестер сити) и Матијас Суарез (Ривер плата). Аргентина последен пат ја освои Копа Америка во 1993 година, а во последните пет изданија четири пати губеше во финалето.

Scroll to Top